• среда, 18 декември 2024

Германија осуди поранешен припадник на тајната полиција на Асад

Германија осуди поранешен припадник на тајната полиција на Асад
Берлин, 24 февруари 2021 (МИА) - Германски суд денеска го осуди Ејад Ал-Гариб, поранешен припадник на тајната полиција на сирискиот претседател Башар ал-Асад за овозможување тортура врз затворениците. Ал-Гариб е осуден за соучество во злосторства против човештвото и осуден во државниот суд во Кобленц на четири и пол години затвор. Ова е првпат суд надвор од Сирија да донесе пресуда за случај во кој се наведува дека  претставници на сириската влада извршиле злосторства против човештвото. Германските обвинители се повикаа на принципот на универзална надлежност за сериозни злосторства за да започнат постапка која вклучува жртви и обвинети кои биле во Германија. паг/  

Остани поврзан