• среда, 18 декември 2024

Германија нуди грижа за украинските деца по нападот на болницата во Киев

Германија нуди грижа за украинските деца по нападот на болницата во Киев

Франкфурт, 8 јули 2024 (МИА) – Германија понуди поддршка и лекување за украинските деца по рускиот ракетен напад што ја погоди педијатриската болница во Киев.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах му вети на својот украински колега Виктор Љашко во објава на Х „дека во секое време ќе примиме болни деца на кои им е потребна нега, следниот спасувачки лет ќе полета в среда“.

- Путин уште еднаш покажа дека е воен злосторник со намерен напад на детска болница, напиша Лаутербах.


Амбасадорот на Украина во Германија, Олексиј Макеев, му се заблагодари на Лаутербах на Х за неговата „активна солидарност и сочувствителна човечност“, што според него може да спаси детски животи.

Од почетокот на војната, германската влада постојано прима болни и повредени луѓе од Украина на лекување во германските болници и клиники, како и деца на кои им е потребна палијативна нега, потсетува ДПА. јт/

Остани поврзан