• вторник, 24 декември 2024

Германија најави неограничен број посети на кино за 12,5 евра месечно

Германија најави неограничен број посети на кино за 12,5 евра месечно

Берлин, 25 јyли 2024 (МИА) - Откако Германија им овозможи на своите граѓани да патуваат ширум земјата неограничено со воз за 49 евра месечно, сега има нов проект за неограничен број посети на кино.

Германскиот Сојузен филмски одбор (ФФА) го објави новиот проект „Синфинити" (Cinfiniti) којшто треба да се спроведува низ цела Германија и предвидува годишни лични билети за кино за само 12,50 евра месечно. За споредба, Германците, во просек, месечно лани трошеле 9,71 евро. Тоа е околу едно одење в кино, просечно.

Повеќе од 100 кинокомплекси се пријавија за новата шема. ФФА предвидува дека овој потег првично треба да ја зголеми кинопосетеноста за 10 до 20 отсто.

Засега, единственото ограничување за претплатата, се чини, е тоа корисникот да има над 18 години.

Проектот е нов во Германија, но е веќе испробан во различни облици низ Европа. Со оглед на конкуренцијата од стрим-услугите, ваквите претплати за кино се покажуват како соодветен начин да се поттикнат луѓето да се вратат во киносалите. Според западни медиуми, филмските студија веќе добиваат повеќе приходи на благајните, а публиката има поголем избор за почести посети на големиот екран.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан