• среда, 25 декември 2024

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја
Берлин, 23 јули 2020 (МИА) - Министрите за здравство на германските сојузни покраини планираат да воведат задолжително тестирање на коронавирус за патниците кои се враќаат од земјите со голем број заразени лица. За тие потреби на аеродромите ќе бидат поставени центри за тестирање. Повратниците од ризичните земји, кои пристигнуваат по копнен пат, ќе треба да се тестираат веднаш по пристигнувањето во местото на престој. Мерката се воведува со цел да се избегне двонеделен карантин за повратниците од ризичните подрачја. Тестирањето ќе биде задолжително и бесплатно. Неформалниот договор, кој е постигнат вчера, треба да биде потврден на утрешната конференција по договорите со локалните институции за јавно здравство, кои ќе ги организираат тестирањата. Германија од европските земји како ризични, покрај Русија и Украина, ги вбројува и БиХ, Црна Гора, Албанија, Србија и Косово. На листата ризични земји членки на ЕУ се наоѓа само Луксембург. гт/

Остани поврзан