• среда, 25 декември 2024

Германија и Франција против забраната за издавање визи за руските туристи

Германија и Франција против забраната за издавање визи за руските туристи

Берлин/Париз, 30 август 2022 (МИА) - Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, порачаа Германија и Франција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе разговараат за барањата на балтичките земји и некои други членки за забрана за издавање визи за Русите.

„Иако ја разбираме загриженоста на некои земји-членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на искуството на животот во демократски системи од прва рака, особено за идните генерации“, се вели во француско-германскиот документ.

„Нашата визна политика треба да го одразува тоа и да продолжи да дозволува контакти меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада“, се додава во соопштението.

Доцна попладнево, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе пристигнат на дводневен состанок во Прага. паг/

Остани поврзан