• среда, 04 февруари 2026

Германија и Нов Зеланд ќа ја засилат соработката во Антарктикот

Германија и Нов Зеланд ќа ја засилат соработката во Антарктикот

Оукленд, 3 февруари 2026 (МИА) - Германија и Нов Зеланд ќе ја зајакнат соработката на Антарктикот како сигнал против идните амбиции на големите глобални играчи, објави ДПА.

„Ние сме посветени на тоа да обезбедиме континентот да остане место за научна соработка и меѓународно истражување и да не стане следна арена за натпревар меѓу големите сили“, изјави денеска шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, за време на состанокот со неговиот колега од Нов Зеланд, Винстон Питерс.

Питерс го покани Вадефул во неговиот роден регион на Заливот на Островите, во близина на градот Керикери на Северниот остров на Нов Зеланд.

Вадефул истакна дека Нов Зеланд не е само порта кон Тихиот Океан, туку и кон Антарктикот - „континент што можеби не е во вестите секој ден во Германија, но сè повеќе добива на значење во областа на надворешната политика и безбедноста“.

Германија долго време тесно и во дух на доверба соработува со Нов Зеланд за истражување на Антарктикот и сега сака да ја подигне оваа соработка на следно ниво, додаде Вадефул.

Во заедничката декларација за Антарктикот објавена денеска, Германија и Нов Зеланд изјавија дека имаат силен интерес континентот да остане „мирен, демилитаризиран, ослободен од комерцијална експлоатација на минерали на неопределено време и сеопфатно заштитен“.

Германскиот министер за надворешни работи денеска официјално воспостави дипломатски односи со островската држава Ниуе. сд/рп/

Фото:ДПА

Остани поврзан