• четврток, 26 декември 2024

Германија е категорично против какви било поместувања на границите на Балканот

Германија е категорично против какви било поместувања на границите на Балканот
Скопје, 3 мај 2021 (МИА) - Германија е категорично против какви било поместувања на границите, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција со шефт на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на нон пејперот што се појави минатиот месец, а во кој се предлага прекројување на границите на Западниот Балкан. - Ова е нон-пејпер, а не е официјален документ. Не треба да се занимаваме со тоа понатаму. Не постои никакво учество на Германија, во никакви нон-пејпери, ако има за тоа гласини тоа се лажни вести. За германската надворешна политика секогаш основа на нашата политика за Западниот Балкан е дека не мешаме прсти во границите, рече Мас. Германскиот министер потенцира дека какви било промени на границите, каде било, ќе имаат влијание врз целиот регион и ќе има негативни последици за сите. - Во минатото го одбиваме тоа и сега го одбиваме, и во иднина комплетно тоа ќе го отфрлуваме, категоричен е Мас. Нон-пејпер испратен до ЕУ минатиот месец, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан, бил наводно напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше. Повеќе европски официјални претставници, како и политичари од регионот, предложената промена на границите ја оценија како опасна и го отфрлија овој концепт. нд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан