• недела, 29 декември 2024

Германија десеткувана на ракометниот мундијал во Египет поради страв од коронавирус

Германија десеткувана на ракометниот мундијал во Египет поради страв од коронавирус
Берлин, 15 декември 2020 (МИА) – Германија се соочува со сериозен проблем пред претстојното Светско ракометно првенство во Египет, откако најмалку четворица репрезентативци досега го откажаа настапот поради страв од коронавирусот. Откако ракометарот на Кил, Патрик Винцел, минатата недела му соопшти на селекторот дека се откажува од настапот на јануарскиот Мундијал, истото денеска го направија и неговите клупски колеги Штефен Вејнхолд и Хендрик Пекелер, како и ракометарот на Мелсунген, Фин Лемке. - Гледано од спортски аспект, новите откажувања од Лемке, Вејнхолд и Пекелер сериозно не загрижуваат. Сите четворица своите причини ми ги соопштија лично и јас ги разбирам“, изјави германскиот селектор Алфред Гилсансон, кој остана без речиси комплетната одбрана во репрезентативниот табор. Светското првенство во Египет ќе се одржи од 13. до 31. јануари следната година. ег/sd/

Остани поврзан