• четврток, 26 декември 2024

Германија денеска ја легализираше рекреативната употреба на канабисот

Германија денеска ја легализираше рекреативната употреба на канабисот

Берлин, 23 февруари 2024 (МИА) - Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.

Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.

Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан