• петок, 20 декември 2024

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина

Берлин, 13 април 2023 (МИА) - Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија.

Полското Министерство за одбрана се уште не го коментираше соопштението од Берлин.

Германија наследи 24 авиони МиГ-29 од поранешна Источна Германија во процесот на повторно обединување во 1990 година. Во тоа време, таквите борбени авиони се сметаа за едни од најнапредните во светот.

Во 2004 година, Берлин предаде 22 такви авиони на полските воздухопловни сили. Од преостанатите два, едниот е уништен, а другиот е во музеј.

За да може тие авиони да ги препрати во трета земја, во овој случај Украина, Полска треба да побара согласност од Берлин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Варшава минатата недела изјави дека Полска ќе помогне во формирањето на коалиција на западните сили која ќе испорачува борбени авиони на Киев. паг/

Остани поврзан