• вторник, 12 ноември 2024

Германија го либерализира пазарот на канабис

Германија го либерализира пазарот на канабис

Берлин, 1 април 2024 (МИА) - Германија го либерализира пазарот на канабис, декриминализирајќи го поседувањето мали количини од денеска, јави ДПА.

Како втор чекор, на „клубовите за канабис“ ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови.

Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно или максимум 50 грама месечно за лична употреба преку регулирани здруженија, како и да се одгледуваат до три растенија дома. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама.
     
Од 1 јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ - непрофитни организации со најмногу 500 членови. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, чиј износ ќе зависи од количината на марихуана што ја користи соодветниот член.

Новиот режим го прави германскиот закон за канабис еден од најлибералните во Европа, забележува Ал Џезира. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан