• петок, 20 декември 2024

Германија враќа човечки останки украдени во колонијалната ера

Германија враќа човечки останки украдени во колонијалната ера

Берлин, 21 октомври 2022 (МИА) - Меѓународен тим научници, предводени од Универзитетот на Гетинген во Германија го проучува колонијалното минато на над 1.000 човечки останки од универзитетската збирка и има намера - да ги враќа во земјите каде што биле непрописно одземени. 

- Универзитетот е подготвен да ги врати сите човечки останки од колекцијата... Коските од збирката се главно черепи од Азија и Океанија, а повеќето од нив непрописно пристигнале во Европа во времето на колонијализмот. Во секој случај, на Универзитетот е забрането да се спроведуваат истражувања и да се предава со помош на човечки останки украдени за време на колонијализмот, изјави научникот Холгер Стокер.

Повеќето примероци потекнуваат од 18. век. Проектот отпочна летото 2020 година и тогаш човечки останки беа вратени на Хаваите, а следно, проектот ги опфаќа и Австралија и Нов Зеланд. 

Враќањето на украдени предмети од колонијалната ера стана битна тема на културната дебата во Германија, особено кога станува збор за вредни предмети, како што се, на пр. - бронзите од поранешното Кралство Бенин (т.e. областа Едо во денешна Нигерија). Многу од тие метални скулптури ќе бидат вратени оваа година, благодарение на историскиот договор меѓу двете земји, но некои предмети ќе останат во Германија.  си/

Остани поврзан