• понеделник, 23 декември 2024

Германија воведува четиридневна недела за исти плати, експериментот започнува на 1 февруари

Германија воведува четиридневна недела за исти плати, експериментот започнува на 1 февруари

Берлин, 28 јануари 2024 (МИА) - Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците.

Експериментот, во кој ќе бидат вклучени 45 компании, ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот час, пишува Блумберг.

Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни и поздрави, туку и поефикасни на своите работни места.

„Апсолутно сум убеден дека инвестирањето во нов бизнис се исплати бидејќи ја зголемува благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста“, рече Сорен Фрике, ко-основач на фирмата за планирање настани Солидсенс, една од 45-те фирми кои ќе бидат дел од студијата. 

Според Фрике, доколку функционира четиридневната недела, тоа нема да не чини ништо на долг рок.

Покрај зголемена продуктивност, се очекува фирмите да имаат корист од намалувањето на скапото отсуство од работа поради стрес, болест и исцрпеност. Во 2022 година, Германците пропуштиле просечно 21,3 дена од работа, што резултирало со загуба од 207 милијарди евра, покажуваат податоците на Федералниот институт за здравје и безбедност при работа.

Поддржувачите на овој експеримент истакнуваат дека новитетот би можел да привлече нов кадар во Германија, земја која според Евростат веќе има најголем удел на хонорарно вработени во ЕУ.

Кристијан Линднер, германскиот министер за финансии и член на Слободната демократска партија, ја критикуваше одлуката на германските компании, велејќи дека пократката работна недела ќе го загрози економскиот раст и напредок на Германија.

Но, поборниците на идејата велат дека претходните студии во САД и Канада покажале дека е можно зголемување на ефикасноста. Работниците пријавиле општо подобрување на нивното здравје, а ниту една компанија не се вратила на петдневната работна недела.

Британија имала сличен експеримент во кој учествувале 61 компанија, имале добри работни перформанси, а боледувањето се намалило за 65 отсто. Португалија, исто така, околу 20 отсто од работниците рекле дека се чувствуваат подобро.

Блумберг додава дека Белгија стана првата европска земја која нуди опција за четиридневна работна недела, но со еднаков неделен час. Јапонија ги охрабри своите фирми да им понудат на работниците пократка работна недела со надеж дека ќе трошат повеќе и ќе се зголеми бројот на родени деца. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан