• среда, 27 ноември 2024

Германија воведува нови рестриктивни мерки

Германија воведува нови рестриктивни мерки
Берлин, 29 септември 2020 (МИА) - Германија поради раст на бројот на новозаболени лица со Ковид-19 воведува дополнителни мерки, а канцеларката Ангела Меркел препорача есенските одмори граѓаните да ги поминат во земјата или во области во Европа со низок епидемиолошки ризик. - Ние по секоја цена сакаме да спречиме нов карантин... Ние живееме во пандемија и така ќе биде се додека не се најде вакцина, истакна Меркел по видео состанокот со премиерите на германските сојузни покраини. Таа истакна дека новите мерки ќе бидат воведени според регионален клуч односно во зависност од епидемиолошката ситуација во поединечни региони. - Собирите во јавни или изнајмени простори треба да се ограничи на 50 лица и тоа ако во одреден округ бројот на новозаразени на 100.000 жители за една недела надминал над 35. Додека за приватните собири се препорачува ограничување на бројот на луѓе на 25, истакна Меркел. Таа додаде дека приватните собири се едни од најважните места за ширење на заразата. ми/

Остани поврзан