• вторник, 24 декември 2024

Германија бара санкции за Унгарија поради визниот режим за Русија

Германија бара санкции за Унгарија поради визниот режим за Русија

Берлин, 4 август 2024 (МИА) - Германски политичари бараат санкции за Будимпешта поради либерализацијата на визниот режим за Русија и инсистираат соседните земји на Унгарија да воведат гранични контроли со оваа земја..

- На унгарските граници треба да се воведат контроли, тоа е правно возможно. Сега е време соседните земји, како Австрија, Хрватска, Словачка и Романија, да преземат акција, изјави министерот за внатрешни работи на германската покраина Бранденбург, Михаел Стјубген (Христијанско-демократска унија ЦДУ), пренесе Хина.

Тој посочи дека оваа мерка е потребна поради ублажувањето на визниот режим за руски и белоруски граѓани од страна на Унгарија, со што им се овозможува полесно вработување во овие земји.

И шефот на европските народни партии, Манфред Вебер, побара санкции за Унгарија поради овозможување влез на руски и белоруски државјани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан