• четврток, 26 декември 2024

Германец покажал среден прст кон радар, казнет со 5.000 евра

Германец покажал среден прст кон радар, казнет со 5.000 евра
Минхен, 15 јуни 2022 (МИА) - Судот во Пасау, Долна Баварија, Германија, казни еден возач со 5.000 евра затоа што покажал среден прст при снимање на радар поради пребрзо возење. Полициски службеници, кои биле во возилото со радарот, поднеле пријава за навреда на државните органи. Истрагата против 53-годишникот траела девет месеци, по што следи судскиот процес. Обвинетиот потоа поднел жалба, па ја повлекол и ја прифатил казната за навреда на државните органи во два случаи. Тој напишал и писмо до полицијата со извинување, а полицијата преку соопштение наведува дека казната можела да биде и повисока. Имено, за намерна навреда на државни органи можна е и затворска казна до една година.  си/

Остани поврзан