• недела, 01 септември 2024

Германецот Шмит официјално на клупата на Бенфика

Германецот Шмит официјално на клупата на Бенфика
Лисабон, 19 мај 2022 (МИА) – Португалскиот фудбалски гигант Бенфика соопшти дека договорил двегодишна соработка со германскиот тренер Роџер Шмит. Португалскиот клуб ќе потпише договор со Шмит до јуни 2024 година. Германскиот стратег стекна реноме како тренер на австриски Салцбург и германски Баер Леверкузен, а од 2020 година го предводеше холандски ПСВ Ајндховен. На клупата на ПСВ ќе го замени поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој. ег/сд/

Остани поврзан