• среда, 25 декември 2024

Германецот Лев кандидат за бразилски селектор

Германецот Лев кандидат за бразилски селектор

 

Минхен, 15 март 2023 (МИА) – Поранешниот предводник на германската репрезентација Јоаким Лев е меѓу главните кандидати за нов селектор на Бразил, објави денеска весникот „Билд“.

Бразил е без селектор од елиминацијата во четвртфиналето на Мундијалот во Катар кога Тите поднесе оставка по поразот од Хрватска.

Бразил на 25 овој месец ќе одигра пријателски натпревар против Мароко, а на клупата на Кариоките ќе седи селекторот на репрезентацијата до 20 години Рамон Менезес.

Лев (63) беше селектор на Германија од 2006 до 2021 година, освојувајќи ја титулата светски првак на Мундијалот 2014 во Бразил. ег/ ФОТО:Твитер

Остани поврзан