• петок, 27 декември 2024

Гери Пејтон сака да биде тренер во НБА

Гери Пејтон сака да биде тренер во НБА
Вашингтон, 16 октомври 2020 (МИА) – Носителот на шампионскиот прстен од 2006 година со Мајами, Гери Пејтон изјави дека би сакал да добие тренерска позиција во НБА лигата.
  • Многу млади НБА играчи се борат да го достигнат својот вистински потенцијал. Би сакал да се приклучам на НБА, каде што можам да им помогнам на тренерите, менторите и да ги водам играчите. Можам да ги научам на напорна работа, фокус и решителност што им треба да бидат доверлив фактор за успех на тимот, изјави Пејтон за „Yahoo Sports“.
Педесет и двегодишниот Пејтон сега е тв експерт за кошарка и е амбасадор во НБА. зс/

Остани поврзан