• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации, тие се двигателот на општеството

Герасимовски: Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации, тие се двигателот на општеството

6 март 2025

Општина Центар ги повикува сите здруженија и фондации кои работат на територијата на општината да се пријават за финансиска поддршка за 2025 година. Овие средства се наменети за поддршка на програмски активности кои придонесуваат за подобрување на локалната заедница, особено во областите на поддршка на млади, социјални услуги, животна средина, родова еднаквост и развој на микро бизниси.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека граѓанските организации се двигателот на позитивните промени во заедниците, а со јавниот повик ќе се поддржат заедничките напори, на невладините организации и Општината за подобрување на животот во Центар. 

„Поддршката на младите, заштитата на животната средина и развојот на социјалните услуги се клучни за иднината на Центар. Веруваме дека преку овој повик ќе поттикнеме проекти кои ќе донесат вистински резултати. Очекуваме креативни и иновативни предлог-проекти што ќе дадат одговор на вистинските потреби на граѓаните. Секое здружение или фондација што има добра идеја и квалитетен проект ќе има можност да добие финансиска поддршка. Ги повикувам здруженијата и фондациите да се пријават на овој повик“, вели Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар. Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје или пак, во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

За повеќе информации, заинтересираните можат да ја посетат веб-страницата: https://www.centar.gov.mk/?p=24562

Општина Центар

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан