Герасимовски: Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности, јавен повик за граѓанските организации
- Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации што дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации што дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата, како што информираат од Општина Центар, се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микробизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
- Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка - порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар. Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар - Скопје, улица Михаил Цоков бр. 1 или во архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
дма/са/
Фото: Општина Центар