• четврток, 26 декември 2024

Герасимовски: Со една конфискација секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли

Герасимовски: Со една конфискација секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли

Скопје, 27 мај 2023 (МИА - Со конфискација на еден дивоизграден објект, секој ќе се помисли дали повторно ќе гради така, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. 

Герасимовски градоначалник во Општина Центар во емисијата Трилинг на Телевизија 24 вести зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.

-Луѓето се дрзнуваат на се. Со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, рече градоначалникот. 

Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак, оценува Герасимовски, не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.

-Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби, рече Герасимовски.

Според него, идејата на општината е проблемот да се реши како во околните земји, преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи да бидат конфискувани од страна на државата и да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн, соопшти Општина Центар. ев/ 

ФОТО: Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан