• четврток, 26 декември 2024

Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало заедно со МВР и ЈП ПОЦ по вандализирањето на детското игралиште

Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало заедно со МВР и ЈП ПОЦ по вандализирањето на детското игралиште

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски синоќа заедно со началникот на СВР Сашо Топаловски и Директорот на ПОЦ Душко Коцевски спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир, соопшти Општина Центар.

Како што се наведува во соопштението акцијата била спроведена на најфреквентните делови во Дебар Маало и Капиштец и посебно внимание се посветило на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, непрописно паркираните возила, прекумерната бучава од локалите и јавниот ред и мир.

- Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да ја подобриме состојбата во нашата Општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод, изјавил Герасимовски, соопшти Општина Центар.

Општина Центар и Герасимовски ја поддржале петицијата на граѓаните која ја поднесоа до надлежните институции и апелираат до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што поддршката е од клучно значење за успешноста на ваквите активности.

-Општина Центар и Герасимовски ја поддржаа петицијата на граѓаните која ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и останатите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти. Само заедно можеме да ја направиме нашата Општина подобро и побезбедно место за живеење, се вели во соопштението.

Raportime për prishje të rendit dhe qetësisë publike në lagjen Kapishtec të Shkupit kanë arritur në SPB Shkup. Nga atje thonë se ndërmerren masa për zbulimin e autorëve dhe zbardhjen e rastit

Од СВР - Скопје вчера потврдија за МИА дека до нив се подесени пријави за нарушување на јавниот ред и мир во скопската населба Капиштец. Оттаму велат дека преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот со вандализирањето на детското игралиште.

- Во СВР Скопје има пријави за нарушување на јавниот ред и мир од страна на повеќе лица со тоа што ги оштетуваат реквизитите и инвентарот во парк „Капиштец“. СВР Скопје презема мерки за утврдување на сторителите на овој чин и за расчистување на случајот. Во насока на превенција од вакви настани раководството на СВР Скопје одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Центар каде беше договорено заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар во насока на воспоставување на посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од оваа општина, велат за МИА од СВР Скопје.

Општина Центар вчера испрати видео снимки на кои се гледаат млади лица како уништуваат детско игралиште во скопската населба Капиштец. 

Видео материјалот, како што информираа од Општината, е добиен од граѓани од околните згради близу игралиштето во Капиштец. аан/ац/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан