• среда, 25 декември 2024

Герасимовски: Реконструкција на улици, нов парк и паркинг во Дебар Маало

Герасимовски: Реконструкција на улици, нов парк и паркинг во Дебар Маало
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Дебар Маало добива зелени и инфраструктурни проекти, најави вечерва кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата Горан Герасимовски. Тој посочи дека го реконструирале детското игралиште „Дрвен“, а ќе се реконструираат уште детски игралишта и најави ново зеленило во општината. - Она што беше многу потребно за безбедноста и движењето на возилата и пешаците, започнавме да го реализираме. Ја реконструираме улицата „Орце Николов“ која станува целосно резидентна ослободена за велосипеди и пешаци и станува „smart zonе“, а на местото на ПУИК, по ваше барање, ќе поставиме нов парк и монтажен паркинг со 296 паркинг места, рече Герасимовски во Дебар Маало. Пешачка зона со резидентен паркинг станува и ул „Мирослав Крлежа“, а „Боемска 2“ ќе добие нов сообраќаен режим за слободно пешачење во вечерните часови, најави Герасимовски. Тој најави и реконструкции на улиците „Црвена вода“, „Дебарца“, „Партизанска“, „Алберт Ајнштајн“ и „Донбас“. мд/сст/

Остани поврзан