Герасимовски: Реконструкција на улицата Светозар Марковиќ, нов асфалт, тротоари и канализација
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата Светозар Марковиќ во населбата Ново Маало.
Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата Светозар Марковиќ во населбата Ново Маало.

Како што соопшти Општина Центар, реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 метри квадратни и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
-Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата Светозар Марковиќ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата- посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.

Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата Мирослав Крлежа во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата Ленинова. дма/са/
Фото: Општина Центар - Скопје