• четврток, 26 декември 2024

Герасимовски: Реконструкција на тоалетите во ООУ „11 Октомври“ во населба Пролет

Герасимовски: Реконструкција на тоалетите во ООУ „11 Октомври“ во населба Пролет

Скопје, 7 август 2024 

Во тек е реконструкција на тоалетите во основното училиштето „11 Октомври“ во населбата Пролет. Во рамки на реконструкцијата се менуваат подните и ѕидните плочки, ќе бидат поставени нови подни сифони и ќе биде извршена комплетна промена на санитарната опрема и галантерија. При реконструкцијата ќе биде поставено и ново осветлување, а ќе следи и варосување на ѕидовите со дисперзна боја како и промена на сите постојни дрвени врати.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека квалитетното образование не зависи само од квалитетната настава во училиштата туку и од инвестициите во образовните институции и подобрувањето на условите за настава.

„Инвестициите во училишните објекти ги подобруваат условите за настава на секое дете. Во училиштето „11 Октомври“ во тек е реконструкција на санитарните јазли кои беа дотраени, а кои по комплетната реконструкција ќе обезбедат подобра хигиена за учениците од одделенска настава. Инвестициите се изведуваат во рамки на Проектот за унапредување на основното образование од МОН кој е финансиран од Светска банка. Претходно во ова училиште со средства од општинскиот буџет целосно ја реконструиравме кујната која ги опслужува учениците со топла приготвена храна. Преку овие инвестиции директно се вложува во сегашните ученици но и во идните генерации од кои може да очекуваме образовани, задоволни и компетентни млади, кои ќе го придвижат општеството напред“, смета Герасимовски.

Покрај реконструктивните изведби во ООУ „11 Октомври“ општинските служби ги реконструираат и тоалетите во  ООУ „Кочо Рацин” на Водно, а се работи и на комплетна реконструкција на кујната, спортската сала и неколку училници во училиштето. 

 

Со почит,

Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан