• среда, 18 декември 2024

Герасимовски: Општинските служби се на терен и ги санираат штетите

Герасимовски: Општинските служби се на терен и ги санираат штетите
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со општинските служби излегоа на терен веднаш по невремето во Скопје извршија увид во состојбата и санираа дел од штетите, соопшти општинската прес-служба. На неколку локации има паднати покриви, паднати дрва и искршени гранки. До општината пристигнуваат пријави за поплавени подруми, станови и живеалишта. - За утре наутро свикав состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој ќе ги договориме наредните чекори. Вечерва сме на терен, во комуникација сме со надлежните и помагаме онаму каде што можеме, изјави градоначалникот. На состанокот на општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе се дискутира за штетата настаната во Општина Центар од денешното невреме и за наредните чекори што општината ќе ги преземе во соработка со останатите надлежни институции.

Остани поврзан