• четврток, 26 декември 2024

Герасимовски: Општина Центар со цистерна и вработени во ПОЦ помага во гасење на пожарот во Јасен

Герасимовски: Општина Центар со цистерна и вработени во ПОЦ помага во гасење на пожарот во Јасен

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен, информираат од Општина Центар.

Од локалната самоуправа посочуваат дека на шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20 дена при што е изгорена значителна површина шума. 

Оттаму нагласуваат дека солидарноста и поддршката за институциите во моментов е од огромно значење.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира за крајно внимателно однесување и почитување на правилата од институциите.

- Од почетокот на кризата со пожарите, Општина Центар дава постојана поддршка на ЦУК и ги става на располагање сите расположливи капацитети. Нашите вработени даваат логистичка поддршка и доброволно учествуваат во гаснењето на пожарите. Сите мора да бидеме свесни колку е значајно во оваа криза да ги заштитиме шумите и природата, но и да го спречиме ризикот за животот и имотите на граѓаните. Затоа апелирам и граѓаните да бидат максимално свесни за сопствените постапки и да ги почитуваат пропишаните правила на институциите за движење во шумите, порачува Герасимовски.

Претходно општината организираше итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи.

- Во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен, Општина Центар преку општествено одговорни компании обезбеди донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите што интервенираат, соопштуваат од Општина Центар. ир/са/

 

 

 

 

 

Остани поврзан