• четврток, 26 декември 2024

Герасимовски на средба со родителите од Дебар Маало кои алармираа за насилно однесување во општината

Герасимовски на средба со родителите од Дебар Маало кои алармираа за насилно однесување во општината

Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска повторно се сретна со родителите од Дебар Маало кои минатата недела алармираа за девијантно однесување во делови од општината.

Како што информираат од Општина Центар, станува  збор за поднесување на петиција до Министерството за внатрешни работи, Министерството  за образование и Министерството  за труд и социјална политика со цел да се изнајдат мерки и механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство.

-По минатонеделната средба и секојдневна комуникација со жителите на денеска повторно се сретнуваме со цел да изнајдеме реално решение за насилството кое се случува во општината. Застрашувачки е што насилното однесување не се рефлектира само на урбаната опрема која секојдневно се уништува туку веќе станува збор за загрозување на безбедноста на нашите деца. И, тоа мора да го покренеме на повисоко ниво со што ќе поднесеме петиција до сите надлежни институции со цел да изнајдеме соодветно решение и запирање на ова застрашувачко однесување, изјави Герасимовски.

На средбата, покрај градоначалникот Герасимовски присуствуваа и Игор Стаменковски, командир на ПС Беко и Орце Спасовски, началник на ЕВР Центар и Бит Пазар.

Герасимовски  апелира до родителите будно да ги следат децата и да работат со нив на превенција од насилство. љм/дма/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан