• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Скопје, 13 март 2025

Општина Центар ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во периодот од 15 до 20 март. Поради позитивните реакции и успехот на акцијата реализирана во февруари, зголемен е бројот на пунктови на кои граѓанитe ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад.

Станува збор за следните локации:
- Капиштец, кај Цветен пазар, улица „Народен Фронт“;
- Капиштец, паркингот спроти Завод за вработување, улица „Васил Ѓоргов“ бр. 32;
- Буњаковец, позади ООУ „Ј. Х. Песталоци“, улица „Апостол Гусларот“;
- Дебар Маало, кај кружниот тек, улица „Антоние Грубишиќ“ бр. 20;
- Соборен храм, кај спортското игралиште, улица „Орце Николов“ бр. 22
- „50 Дивизија“ бр. 39, во близина на Клинички центар.

„Иницијативата е одлично прифатена од граѓаните, поради што поставивме дополнителни локации во повеќе центарски населби. Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од овој вид отпад. Да внимаваме на чистотата и да придонесеме кон поздрава животна средина“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање и вклучува собирање на кабаст отпад во текот на три месеци, почнувајќи од февруари до април, во периодот од 15 до 20 во месецот.

Покрај ова, службите на општината активно спроведуваат обемна кампања за чистење на јавните површини под мотото „Центар не чека, Центар чисти“.

 
Општина Центар

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан