• среда, 13 ноември 2024

Герасимовски: Доделивме 126 субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети

Герасимовски: Доделивме 126 субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети

Скопје, 6 август 2024 

Заврши повикот за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, Општина Центар ја информира јавноста дека квотата за субвенционирање која предвидуваше 400.000,00 денари е исполнета.

Во рамките на проектот „Цел Центар на точак“ за 2024 година, Општина Центар годинава додели вкупно 126 субвенции, од кои 101 за велосипеди и 25 за е-велосипеди и е-тротинети. Преку повикот секој полнолетен граѓанин имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од цената, но не повеќе од 3.000 денари.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски како голем љубител на велосипедизмот им честита на новите жители кои автомобилите ќе ги заменат со точаци, електрични точаци и тротинети. Општина Центар како најфреквентна општина има навистина голем проблем со слободни паркинг места, а велосипедите и тротинетите се одличен начин за нивно избегнување.

„Ме радува што во општината имаме нови граѓани кои преку нашиот повик ќе возат нови велосипеди и тротинети. Лично многу го почитувам возењето велосипед не само поради здравствените бенефити туку и поради избегнувањето на гужвата и брзото стигнување до посакуваната дестинација. Промоцијата на возењето на велосипеди е навистина значајна особено за нас центарци затоа ги охрабрувам жителите да практикуваат возење на алтернативни превозни средства со кои ќе практикуваат физичка активности и ќе го зајакнат своето здравје и секако ќе заштедат избегнувајќи ја наплатата во паркинзите“, порача Герасимовски.

Проектот „Цел Центар на точак“ кој Општина Центар го спроведува неколку години по ред има за цел да обезбеди поздрав начин на живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж низ улиците во Општина Центар. Покрај субвенционирањето на нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет Општина Центар доделува и субвенции за дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинети.


Со почит,
Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан