• недела, 24 ноември 2024

Герасимовски делеше вода на жештините заедно со Црвен Крст

Герасимовски делеше вода на жештините заедно со Црвен Крст

Скопје, 16 јули 2024

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го придружуваше општинскиот Црвен крст кој деновиве спроведува заеднички теренски активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од последиците на топлотниот бран.

Мобилните тимови составени од службите на локалната самоуправа и волонтерите од Црвен Крст на различни локации во општината делат вода, даваат прва помош, како и препораки и совети за  справување со екстремно високите температури. Со акцијата се опфатени најфреквентните локации на улиците „Партизанска“, „Водњанска“, кај „Рекорд“ и улица „Македонија“.

-Ваквите вонредни времени услови можат да бидат штетни и опасни по здравјето. Затоа и се одлучивме да реагираме на терен и да ја покренеме акцијата, во која и јас лично сум вклучен. На жешкиот асфалт подадена чаша вода и навремената интервенција доколку е тоа потребно, можат да спасат живот, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата на Општина Центар и Општинската организација Црвен Крст Центар ќе трае и во наредните денови, каде мобилни тимови од 11:00 до 15:00 часот, ќе даваат прва помош и ќе делат вода на граѓаните.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки на надлежните институции додека трае топлотниот бран.

 

Општина Центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан