• недела, 28 јули 2024

Герапетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Герапетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Атина, 21 јуни 2024 (МИА) – Патот на Западен Балкан е пат во една насока кон Европа и ние ќе продолжиме да го браниме ова, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, во изјава за грчката телевизија „ЕРТ“ по неговото учество на министерскиот состанок во Австрија за европската перспектива на земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Шефот на грчката дипломатија посети на Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан од пред 21 година и посочи дека Грција продолжува со поддршката. 

-Се разбира, овој пат треба да се заснова на верното почитување на европското законодавство, на демократијата, на владеењето на правото, секако на правата на малцинствата и верната имплементација на меѓународното право и меѓународните договори. Имав можност да ги покренам овие прашања. Грција ќе продолжи да биде во јадрото на државите, на пријателите од Западен Балкан за да ја промовираме Европа, која ќе биде голема, ќе биде силна и ќе ги вклучи сите држави од нашето пошироко соседство за напредок, за мир, за просперитет, истакна Герапетритис.

На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и министерот Бујар Османи и од групата „Пријатели на Западен Балкан“ од Европската Унија односно од Грција, Хрватска, Австрија, Италија, Словенија, Словачка и Чешка. ср/рп/

Остани поврзан