• недела, 24 ноември 2024

Герапетритис: Сѐ додека плови „Оруч Рејс“, Грција нема да разговара со Турција во рамките на прелиминарните контакти

Герапетритис: Сѐ додека плови „Оруч Рејс“,  Грција нема да разговара со Турција во рамките на прелиминарните контакти
Aтина, 13 октомври 2020 (МИА) – Грција нема да седне на маса за прелиминарни контакти со Турција, сѐ додека „Оруч Рејс“ и воените бродови што го придружуваат се надвор, во никој случај Грција да започне прелиминарни контакти, вели државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис истакнува дека Грција „не разговара под индиректно насилство и уцени“ и додава дека конкретното прашање ќе биде поставено на Европскиот совет во четврток и петок. -Грција останува верна на нејзината основна доктрина за решение врз основа на меѓународното право. Ќе ги активира, во сите форуми и меѓународните организации, сите оние механизми, што ќе ги гарантираат нејзините суверени права. Се подразбира дека сите активности преземени од страна на Турција, според резултатот, единственото што го постигнуваат е дополнителна изолација, истакнува Герапетритис во интервјуто. Турскиот брод „Оруч Рејс“ се придвижи од пристаништето во Анталија, а според медиумите во Грција плови во рамките на грчкиот континентален гребен. Актуелните случувања во Источниот Медитеран, провокатиивните активности на Турција и европско- турските односи, според грчкото МНР, ќе бидат темите за кои вечерва ќе разговараат министрите за надворешни работи на Грција и Германија, Никос Дендиас и Хајко Мас. Шефот на германската дипломатија од Никозија ќе пристигне во Атина, а пред средбата со Дендиас, ќе разговара со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. ср/

Остани поврзан