• четврток, 28 ноември 2024

Георгиевски: СДСМ се грижи за земјоделците, две нови мерки за помош на лозарите

Георгиевски: СДСМ се грижи за земјоделците, две нови мерки за помош на лозарите
11 септември 2022 
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
И во време на светска економска криза, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со вистинска поддршка за сите земјоделци.
Донесени се две дополнителни мерки за помош на лозарите и винариите.
Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или пак е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.
Преку отворен, инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винариите успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто.
Оваа година грозјето од сортата Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм.
Тоа е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.
Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 односно 17 денари.
Финансиска поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година.
Корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино. Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата.
Овие мерки се уште еден показател за грижата на СДСМ за земјоделците. Продолжуваме да реализираме мерки и политики кои овозможуваат зголемено домашно земјоделско производство.
Прес-конференција на Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан