• петок, 27 декември 2024

Георгиевски: Младите се врвен приоритет на нашето општество

Георгиевски: Младите се врвен приоритет на нашето општество
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Создавањето на подобри услови за младите лица, како и нивно задржување во општината е приоритет во програмите на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, велат од изборниот штаб на кандидатот за градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во изборната програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Илинден, Александар Георгиевски, има голем број на проекти кои се наменети за подобрување на животот и состојбата на младата популација. За младите во Илинден се предвидува еднократна парична помош за секое новороденче со единствена цел, стимулација на наталитетот и помош на младите брачни парови. - Зголемувањето на учеството на младите во носењето на одлуките во општеството е предизвик со кој се соочуваме, па за таа цел предвидени се поголем број на мерки во оваа област. Една од нив е формирањето на Младински совет во Илинден, кое треба да биде младинско претставничко тело изграденo преку отворен, инклузивен и транспарентен процес. Притоа се очекува Локалниот младински совет да биде партнер на општината за сите прашања кои ги засегаат младите со капацитет да воспостави и води инклузивен и конструктивен дијалог, вели Георгиевски. Од таму додават дека во програмата се предвидува отворање на младинска канцеларија во Илинден чија главната цел ќе биде да функционира како поддршка на волонтерството, заштита на животна средина, проактивна вклученост на младите во културните случувања и процеси и изнаоѓање на форми за што поголема на вклученост на младите во спортот, олеснување на преминот на младите од образование кон пазар на труд и мотивирање за нивно стручна надградба. Предвидено е младинскиот центар да биде даден и на располагање на граѓанските организации и младите за да креираат програми и активности во насока на вклучување и информирање на младите луѓе. оџ/сп/

Остани поврзан