• недела, 24 ноември 2024

Георгиева: На глобалната криза со храна изложени 48 земји

Георгиева: На глобалната криза со храна изложени 48 земји
Ријад, 3 октомври 2022 (МИА) - Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи. Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, исто така рече дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на храната. Таа посочи дека ММФ ќе се погрижи гласот на институцијата да се слушне во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да се ублажи ситуацијата. Во однос на економската состојба во светот, Кристалина Георгиева истакна дека ММФ нема да се двоуми да биде во служба на земјите членки. „Ако имаат потреба од повеќе, ние ќе направиме повеќе“, рече Георгиева. паг/  

Остани поврзан