• четврток, 26 декември 2024

Генчовска: На близу 200 лица со двојно државјанство и автомобили со бугарска регистрација не им е дозволен влез и излез од РСМ

Генчовска: На близу 200 лица со двојно државјанство и автомобили со бугарска регистрација не им е дозволен влез и излез од РСМ
Софија, 25 март 2022 (БТА) - Бугарската амбасада во Скопје и генералниот конзулат во Битола од почетокот на март годинава добиваат сигнали од граѓани со двојно државјанство дека се соочуваат со пречка од царинските органи на Република Северна Македонија (РСМ) при преминување преку државата граница со автомобили регистрирани во Бугарија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Досега речиси 200 лица изјавија дека не им е дозволен влез и излез од РСМ. Ова го истакна министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на петочната собраниска контрола. Таа одговори на прашање на лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов за проблемите на бугарските граѓани кои живеат во РСМ поврзани со нивните лични автомобили со бугарски регистарски таблички. -Во претставките е наведено дека локалните царински и гранични служби усно ги известуваат дека не можат да влезат и излезат од државата со камиони и комбиња регистрирани во Бугарија без да издадат релевантен документ во кој е наведена правна основа или кој формално дава препораки за преземање активности за регистрација на моторните возила, промена на постојана адреса во РСМ, презентирање на белешка од бугарски работодавач, рече Генчовска. Таа рече дека нашата амбасада во Скопје го истражила проблемот и разговарала со локалните власти. Од тоа станало јасно дека од 22 декември 2020 година е во сила нов закон за регистрација на автомобили со странски регистарски броеви. Според новата регулатива, автомобилите со странски регистарски броеви треба да се пререгистрираат, целосно да се усогласат со одредбите од локалното законодавство, објасни министерката. -Надлежните во РСМ посочуваат дека најголем процент од возилата со странски регистрации се со бугарски регистарски броеви, не се регистрирани според локалниот закон, иако престојуваат во државата повеќе од 180 дена, а постојаната адреса на сопственикот не е е во странство, а на територијата на државата, рече Генчовска. -Сепак, податоците за влез на автомобил со странска регистрација лесно се утврдуваат со вкрстена проверка од страна на локалните служби на царината и Министерството за внатрешни работи, коментира таа. Министерката Генчовска информираше дека на средбата во Министерството за надворешни работи на 21 март, амбасадата на РСМ посочила дека дејствувањето на Царината на земјата не е насочено само кон автомобили со бугарска регистрација, туку воопшто кон странски возила. Од изјавата на министерката стана јасно дека за да се реши статусот на возилата со бугарска регистрација, некои двојни државјани прибегнуваат кон отпишување на постојана адреса од РСМ и за таа цел пополнуваат формулари во Амбасадата и добиваат потврда. - По оваа постапка тие не мора да ги царинат и да ги регистрираат сопствени автомобили и камиони, објасни Генчовска. Таа увери дека МНР продолжува да го следи случајот. _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан