• четврток, 26 декември 2024

Геноцидот во Сребренца 25 години подоцна: Кои се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хравтска

Геноцидот во Сребренца 25 години подоцна: Кои се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хравтска
11 јули 2020 Би-Би-Си на српски јазик Шестмина Бошњаци од Сребреница лежат на подот на воен камион. Војник со чизма го удира едниот од мажите во глава, при тоа прашувајќи го и пцуејќи го: „Што се тресиш?“. Наскоро овие заробеници, од кои тројца беа малолетни, ќе бидат убиени од припадниците на српската паравоена единица „Шкорпиони“, кои злосторството го забележаа на видео-снимка. Снимката е прикажана на судењето на поранешниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ во Хаг во 2005 година, после кое Србија уапси и осуди повеќе сторители на ова убиство. Три години подоцна ќе биде уапсен воениот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, а во 2011  година и поранешниот командант на Војската на РС, Ратко Младиќ. Поради зосторствата кои го следеа падот на Сребреница на 11 јули 1995 година, кога се убиени повеќе од 8.000 Бошњаци, до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 одини затвор, а изречени се и четири доживотни казни. Хашки пресуди за лидерите на босанските Срби Поранешниот командант на Војската на Република Српска (ВРС), Ратко Младиќ е во притвот во Хашкиот трибунал, каде чека правосилна пресуда за обвиненијата за воени злосторства. Епидемијата со коронавирусот ја пролонгира жалбената постапка за следната година, кога судот ќе ја потврди или измени правостепената пресуда од 2017 годијна, со која Младиќ е осуден на доживотна казна. Судот во Хаг веќе правосилно го осуди поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ на доживотен затвор во 2019 година. Покрај Караџиќ, во Хаг се изречени уште три правосилни доживотни казни за геноцидот во Сребреница. Едната е изречена во 2010 година за поранешниот началник за безбедност на главниот штаб на ВРС, Љубиша Беара, кој почина во Берлин 2017 година. Другата е изречена во 2015 година за поранешниот помошник командант за разузнавачко-безбедносни работи на главниот штаб на ВРС, Здравко Толомир, кој почина следната година. На доживотен затвор е осуден и потполковникот на Дринскиот корпус на ВРС, Вујадин Поповиќ, кој е прогласен за виновен за геноцид, истребување, убиства и прогон на Бошњаците. Трибуналот во Хаг ја донесе првата пресуда во која злосторствата во Сребреница го окарактеризира како геноцид, и тоа за поранешниот генерал на ВРС, Радослав Крстиќ во 2001 година. Крстиќ правосилно е осуден на 35 години затвор поради помагање и учество во геноцид. На долгогодишни казни затвор осудени се и офицерите на ВРС, Драго Николиќ (35 години), Драган Обреновиќ (17 години), Момир Николиќ (20 години) и Радивој Милетиќ (18 години). Во Хаг е осуден е и припадник на 10. диверзантски одред Дражен Ердемовиќ, прв човек кој пред судот призна вина за убиства на зарабоени Бошњаци. Ердемовиќ е уапсен уште 1996 година во Србија и истата година во Хаг е осуден на пет години затвор, а неговото сведочење подоцна придонесе за пресуда против Ратко Младиќ. Мал број постапки во Србија Додека судот во Хаг им судеше на главните организатори на воени злосторства, од земјите на поранешна Југославија се очекуваше да спроведат постапки против пониско рангираните. Во Србија до сега се донесени само две пресуди за злосторства поврзани со Сребреница, а една постапка е во тек. Четворица припадници на „Шкорпионите“ уапсени се во 2005 година поради убиство на Бошњаци, кое го снимија во околината на Трново, во 2007 година осудени се на вкупно 53 години затвор. Нивните имиња се Слободан Медиќ, Бранислав Медиќ, Перо Петрашевиќ и Александар Медиќ. Но, од обвиненијата и пресудите не се гледа дека жртвите се од Сребреница, истакнува адвокатката на Фондот за хуманитарно право (ФХП), Марина Кљајиќ. Уште двајца „Шкорпиони“ – Милорад Момиќ и Слободан Давидовиќ осудени се за исто злосторство во Хрватска. Во Србија поради Сребреница осудени се Бранко Гојковиќ, кој со Обвинителството за воени злосторства се договори за признавање на вина во 2016 година. Тој е осуден на 10 години затвор поради воени злосторства против цивилното население. Бидејќи официјален Белград не признава дека во Сребреница се случил геноцид, обвиненијата подигнати во Србија поврзани за злосторствата во Сребреница не ја користат таа формулација. Во тек е судење за обвиненија од 2016 година за злосторство во село Кравица, во кое во јули 1995 фодина убиени се над 1.300 Бошњаци од Сребреница. Поради короната сведоците на одбраната ќе почекаатм а времето се користи да се изврши увид во пишаната документација, која навистина е обемна, изјави Марина Кљајиќ. Таа додава дека во постапката не се забележани „намерни оопструкции“ и дека судењето не трае предолго со оглед на бројот на обвинетите. За оваа злосторство се обвинети поранешни припадници на Специјалната бригада на Министерството за внатрешни работи (МУП) на Република Српска, Недељко Милидраговиќ, Алекса Голијан, Миливој Батаница, Драгомир Перовиќ, Александар Дачевиќ, Норо Милетиќ, Јован Петровиќ и Видосав Васиќ. Функционери и приврзаници на Српската радикална партија (СРС) предводени од лидерот осуден за воени злосторства, Воислав Шешељ, доаѓаа на поединечни рочишта да искажат поддршка на осомничените и да го негираат геноцидот во Сребреница. Следното рочиште е закажано на годишнината од масакрот во Кравица, 14 јули. Што прави Обвинителството за воени злосторства? Неколку осомничени за злосторствата во Сребреница изминатите година најдоа засолниште од гонење во Србија. Меѓу нив беше и поранешниот командант на 10 диверзанстки одред Милорад Пелемиш, кого го бараше Обвиниетелството на Босна и Херцеговина. Босанскиот суд осуди петмина припадници на овој одред на вкупно 122 години затвор поради убиство на најмалку 1.000 Бошњаци на фарма во Брањево. Меѓутоа, Пелемиш слободно се движи низ Србија и дури се појавува во медиумите. Белградскиот Фонд за хуманиотарно право (ФХП) во 2010 година поднесе кривични пријави против Пелемиш и уште 11 лица за учество во геноцидот во Сребреница. Но, по нив не се постапува, изјави Марина Кљајиќ од ФХП. Според извештајот на Фондот од 2011 година, пет поранешни припадници на 10. Диверзантски одред, кои не се процесуирани тогаш живееле во Србија. До денес ниту еден не е осуден, Бране Гојковиќ, кој се договори за признавање на вина. Без нови пресуди во Босна Судовите во Босна и Херцеговина изрекоа повеќе пресуди за злосторствата во Сребреница отколку судовите во Србија и во Хравтска заедно – 25 пресуди, но изминатата година не е донесена ниту една нова пресуда. Во тој период покренато е едно обвинение за геноцид во Сребреница и тоа против поранешниот командант на 65. Заштитен моторизиран полк на ВРС, Миломир Савиќ. Тој во декември 2019 година е обвинет дека свесно му помагал на Ратко Младиќ и другите офицери на ВРС и на полицијата да ги заробат, да ги егзекутираат и да ги закопаат Бошњаците од Сребреница. Савиќ, кој е претседател на Боречката организација на РС, негираше вина на првото рочиште на 22 јуни и изјави дека обвинението е „целосна измислица“. Пред босанскиот суд се водат пет предмети поврзани со злосторствата во Сребреница, против вкупно десет обвинети. Извршниот директор на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) во БиХ, Денис Џидиќ вели дека голем број судења за воени злосторства во таа земја „многу бавно се процесуираат“. Причините се бројни, од голем број сведоци до возраста на обвинјетите, па и лошото планирање на обвинителите и судиитем изјави Џидиќ за Би-Би-Си на српски јазик. Од 25 до сега донесени пресуди за злосторства поврзани со падот на Сребреница, 13 се за геноцид. Командирот на вод во 10. диверзантски одред на ВРС, Франц Кос осуден е на 35 години поради злосторства против човештвото. Припадниците на  10. диверзантски одред Станко Којиќ, Зоран Гороња и Властимир Голијанин осудени се на 32, 30 односноо 15 години. Тие се осудени поради убиства на околу 800 заробени Бошњаци од Сребреница на фармата Брањево кај Зворник. По стрелањето, Кос, Којиќ и уште еден припадник на нивниот одред им пукаа на застреланите Бошњаци во глава, за да се уверат дека нема преживеани, наведе судот. Една од повисоките казни доби и поранешниот началник за безбедност на Зворниќката бригада на ВРС, капетан Милорад Трбиќ. Трбиќ во 2005 година доброволно се предаде на Хашкиот суд, кој истата година го обвини за учество во геноцид во Сребреница. Како што се наведува во обвинението, Трбиќ бил одговорен за убиство на околу 1.000 Бошњаци во село Ораховац на 13 јули 1995 гдина, два дена по падот на Сребреница, како и други злосторства. Предметот на Трбиќ во 2007 година беше предаден на судот во БиХ, кој го осуди на 30 години, но казната во 2015 година е преиначена на 20 години затвор. Без оглед на пресудите, официјалните лица на РС, босанскиот ентиет со мнозинско српско население, не прифааќаат дела во Сребреница е извршен геноцид. Во изминатата година се формираат и комисии за утврдување на вистината за Сребреница, во чија работа не учествуваат екперти, кои со години работеа во Хаг, но учествуваат многу лица кои јавно го оспорувале геноцидот, наведува Денис Џидиќ. - Негирањето (на геноцидот) секако создава екстремни наративи, што предизвикуваат незадоволство, истакнува тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан