• среда, 18 декември 2024

Генерал Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

Генерал Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

Брисел, 16 мај 2024 (МИА) - Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина, изјави денеска на прес конференција во Брисел американскиот генерал Кристофер Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, пренесоа француските медиуми.

Украина денеска соопшти дека го забавува напредувањето на руските сили во североисточниот дел на земјата, каде ситуацијата, како што кажа и самиот претседател Володимир Зеленски, и натаму е исклучително тешка. Москва во овој дел на Украина презема офанзива, што и овозможи да постигне територијални придобивки, нејзини најголеми од крајот на 2022 година, забележуваат француските медиуми.

-Во близок контакт сум со нашите украински колеги и уверен сум во нивната способност навистина да се спротивстават, рече генералот.

Со цел да се спротивстави на оваа офанзива, Киев инсистира на забрзување на испораките на оружје и муниција ветени од сојузничките сили и редовно ги критикува предолгите рокови.

Денеска, меѓутоа, Каволи ја уверуваше јавноста дека во моментов се одвиваат значителни испораки на оружје.

-Во овој момент им испраќаме големо количество муниција, големи количества системи за противвоздушна одбрана со краток дострел и значителен број оклопни возила, додаде тој. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан