• среда, 25 декември 2024

Генерал Бардуани до Курти: КФОР ќе работи на намалување на потенцијалот за акции што можат да кренат трензии во Косово

Генерал Бардуани до Курти: КФОР ќе работи на намалување на потенцијалот за акции што можат да кренат трензии во Косово

Приштина, 24 октомври 2024 (МИА) - Командантот на КФОР, Енрико Бардуани, на средбата со косовскиот премир Албин Курти ја истакна цврстата посветеност на КФОР за промовирање на напорите за обезбедување координација и намалување на потенцијалот за дејствија што може да доведат до тензии. 

„Тоа ќе биде столбот на поддршка за сите мои напори и сите секојдневни активности на КФОР“, рече Бардуани, наведе КФОР во соопштение. 

Генералот ја повтори целосната поддршка на КФОР за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, како единствена платформа за решавање на отворените прашања и постигнување решенија кои ги почитуваат правата на сите заедници, додавајќи дека тоа е клучно за трајната безбедност во Косово и за регионалната стабилност. 

„КФОР продолжува да го спроведува својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година - да обезбеди безбедно и суд=гурно опкружување за сите луѓе кои живеат во Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно“, се додава во соопштението на КФОР. 

Генералот Бардуани на 11 октомври ја презеде функцијата командант на КФОР од турскиот генерал Озкан Улуташ.сд/

фото:КФОР

Остани поврзан