• понеделник, 18 ноември 2024

Генералштаб на Украина: Најжестоките борби продолжуваат кај Бахмут и Маринка

Генералштаб на Украина: Најжестоките борби продолжуваат кај Бахмут и Маринка

Киев, 2 мај 2023 (МИА) - Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека најжестоките борби со руските војници се уште се водат кај Бахмут и Маринка, на истокот на Украина.

Се наведува дека руските сили се обидуваат да нападнат на правецот Бахмут, а борбите продолжуваат во градот, пренесува Униан.

Во правец на Авдијивка, руската офанзива во областите на населбите Северноје и Первомајское не беше успешна, додаваат од украинскиот Генералштаб.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, продолжуваат нападите на руските сили врз Маринка. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан