• среда, 25 декември 2024

Генералниот секретар на СДСМ Николовски за Договорот од Преспа

Генералниот секретар на СДСМ Николовски за Договорот од Преспа

Скопје, 17 јуни 2020

Со храброста и визијата да ги решиме сите отворени прашања со нашите соседи и да го постигнеме Договорот од Преспа го остваривме деценискиот сон на многу генерации граѓани. Ни се случи чудо, станавме тим кој игра во првата лига, со најсилните. Денеска сме членка на НАТО, ги почнуваме преговорите за полноправно членство во Европската унија и денеска сме дел од најелитниот безбедносниот тим“, оцени генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во интервју за телевизијата Канал 5.

Тој нагласи дека во наредниот период Република Северна Македонија ја очекува процесот на преговори со ЕУ, кој ќе се одвива со силна динамика.

„Во март добивме почеток на преговорите, ја очекуваме Преговарачката рамка, а до крајот на годината треба да се случи и првата меѓу владина седница на ЕУ и Република Северна Македонија. Ова е остварување на историскиот сон на многу генерации од нашата земја. Јас сум горд што сум дел од  генерацијата којашто со храбри и решителни одлуки и чекори ги реши сите отворени прашања со соседите и заради доброто на нашите деца направивме историски чекори“, додаде Николовски и нагласи дека на овој начин ја зајакнавме нашата безбедност, а со тоа ја обезбедивме и нашата иднина.  

СДСМ

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан