• среда, 25 декември 2024

Генералниот секретар на ОН утре ќе пристигне на граничниот премин Рафа

Генералниот секретар на ОН утре ќе пристигне на граничниот премин Рафа

Њујорк, 19 октомври 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утре ќе пристигне на контролниот пункт Рафа, на египетската страна на границата со Појасот Газа, објави ТВ Хадат.

Тој денеска се очекува да пристигне во Каиро и да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, со кого ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток и за испораката на хуманитарна помош во Газа.

Египетскиот главен град денеска е домаќин на самитот Египет-Јордан, чија главна тема е намалувањето на тензиите во Газа, соопшти кабинетот на претседателот Сиси.

Египетскиот претседател го пречека јорданскиот крал Абдула Втори на аеродромот во Каиро. За време на официјалните разговори ќе се разговара за „начините за ставање крај на израелската агресија во Појасот Газа“.

Средбата меѓу двајцата лидери првично беше закажана за вчера во јорданската престолнина Аман, каде што беше планирана средба на претставници на Египет, Јордан, палестинските власти и САД. Настанот беше откажан поради нападот на болницата Ахли Арап во градот Газа, каде што загинаа стотици Палестинци. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан