• среда, 25 декември 2024

Генералниот секретар на НАТО повика аеродромот во Кабул да продолжи со операциите

Генералниот секретар на НАТО повика аеродромот во Кабул да продолжи со операциите
Брисел, 24 август 2021 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, им се приклучи на повиците за продолжување на работата на аеродромот во Кабул со цел да се поддржат авионските летови надвор од земјата. Столтенберг за време на коментарите на разговорите на лидерите на Г-7 рече дека неколку стотици вработени и соработници на НАТО обезбедиле критични услуги, како што се контрола на летање, снабдување со гориво и комуникација на аеродромот, соопшти Алијансата. Тој рече и дека НАТО, исто така, ја презела координативната улога, со цел да се обезбеди евакуација на луѓето што е можно поефикасно. Столтенберг, исто така, рече дека главниот приоритет на НАТО е да се осигури дека Авганистан повторно нема да стане платформа за меѓународните терористи, јави ДПА. јт/

Остани поврзан