• вторник, 24 декември 2024

Генералниот секретар на НАТО од 17 до 19 март ќе ги посети Азербејџан, Грузија и Ерменија

Генералниот секретар на НАТО од 17 до 19 март ќе ги посети Азербејџан, Грузија и Ерменија

Брисел, 15 март 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од 17 до 19 март ќе биде на регионална турнеја, вклучувајќи ги Азербејџан, Грузија и Ерменија, соопшти денеска прес-службата на алијансата.

Столтенберг на 17 март ќе престојува во главниот град на Азербејџан - Баку, каде ќе се сретне со претседателот на државата Илхам Алиев. Следниот ден тој ќе разговара со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и министерот за одбрана, генерал-полковник Закир Хасанов.

Подоцна истиот ден, генералниот секретар на НАТО ќе пристигне во грузискиот главен град Тбилиси, за да се сретне со грузискиот претседател Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Кобахидзе.

На 19 март Столтенберг ќе биде во Ереван на разговори со ерменскиот претседател Ваган Хачатуријан и премиерот Никол Пашинјан. зш/

Остани поврзан