• вторник, 24 декември 2024

Генералниот директор на Стелантис поднесе оставка

Генералниот директор на Стелантис поднесе оставка

Амстердам, 2 декември 2024 (МИА) - Автомобилската групација Стелантис соопшти дека генералниот директор на таа компанија Карлос Таварес поднел оставка и дека таа ќе стапи во сила веднаш. Наследникот на Таварес ќе биде назначен во првата половина на 2025 година.

-Одборот на директори на компанијата... ја прифати оставката на Карлос Таварес, се вели во соопштението на групацијата.

Француско-италијанско-американскиот производител на крајот на септември соопшти дека го започнал процесот на наследување на генералниот директор, чиј мандат требаше да заврши на почетокот на 2026 година.

-На нешто повеќе од една година пред истекот на петгодишниот договор потпишан во јануари 2021 година, сосема е нормално бордот на директори да ја разгледа таа тема, се додава во соопштението.

Во јули, Стелантис објави пад на приходите во првата половина, при што продажбата е намалена за 18 проценти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан