• сабота, 23 ноември 2024

Генералната секретарка на СЕ ги отфрли таканаречените референдуми на окупираните украински територии

Генералната секретарка на СЕ ги отфрли таканаречените референдуми на окупираните украински територии
Стразбур, 21 септември 2022 (МИА) - Генералната секретарка на Совет на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ги отфрли таканаречените референдуми на окупираните украински територии, јави дописникот на МИА од Стразбур. - Најавените таканаречени референдуми на украинските територии окупирани од руските сили се натамошна ескалација на конфликтот и тековно нарушување на територијалниот интегритет на Украина, истакна Пејчиновиќ Буриќ. Таквите „референдуми, одржани под закана од окупаторските сили и во непочитување на основните демократски принципи, не можат ниту да се прифатат ниту да се признаат. Го отфрламе ова исмејување на демократијата и ја потврдуваме нашата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја членка Украина во нејзините меѓународно признаени граници, истакна Пејчиновиќ Буриќ. Таа уште еднаш повикува на прекин на огнот и на враќање на мирот во Европа. тг/ми/

Остани поврзан