• четврток, 26 декември 2024

„Генералка викенд“ во Општина Градско

„Генералка викенд“ во Општина Градско

Велес,19 мај 2024 (МИА) - Еколошка акција за чистење „Генералка викенд“ во петокот реализираа Општина Градско, ЈКП„Клепа“ и ООУ„Даме Груев“. Во теренските активности беше опфатен потегот од регионалниот пат Градско-Стоби, излетничко место Стоби и Подлешко езеро, информираат денеска за МИА од Општина Градско.

Акцијата за чистење беше реализирана во дворот на училиштето „Даме Груев“ во Градско и во дворовите на подрачните училишта во населените места на Општина Градско.Таму се собра отпадот со што се подигна еколошката свест кај најмладите - учениците, за одговорност кон животната средина, појаснуваат од Општина Градско.

Воедно апелираат до сите жители, да ја чуваат животната средина и да не фрлаат насекаде смет, а посебно во излетничките места како Подлешко езеро и останатите, а со цел за време на викендите престојуваат во природа во чиста животна средина. ад/мч/

фото: Општина Градско 

Остани поврзан