• недела, 24 ноември 2024

„Генералка викенд“ во Куманово

„Генералка викенд“ во Куманово

Куманово, 17 мај 2024 (МИА) - Кумановските ученици и професори, екипи на комуналното претпријатие денеска на локалитетот Спомен Костурница во Куманово во рамки на „Генералка викенд“ организираа акција „Мен енд маунтен“ во соработка со стратешки партнери и општини.

- На акцијата учествуваат секторите за образование, за животната средина, ученици од средни училишта. Генерално, задоволни сме од акцијата, но секогаш може и подобро. Важно е да се вложуа во животната средин. Конкретно за оваа акција колку толку санкции, ќе се насадат, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Куманово во акцијата учествува по четврти пат.

- Акцијата на еден начин е и едукација за превенција од загрозување на животна средина и апел граѓаните да се воздржат од создавање на смет. Сите да придонесеме површините да останат чисти, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

За секои десет килограми собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми, посветуваат по едно дрво во нивните годишни планови за пошумување. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан